И пребогатите клубови како ПСЖ понекогаш си имаат проблеми. Имено “светците“ сега имаат проблем со Нејмар, со Бразилецот кого пред пет години го купија за 222 милиони евра, сума која сеуште е светски рекорд.
Јасно е дека Нејмар,од новиот спортски директор и веројатно новиот тренер, не е посакуван во ПСЖ, тука секако дека причина е и неговата астрономска плата, па така сите во клубот ќе бидат пресреќни ако тој си замине, ако успеат некако да го продадат.
Интересно е тоа што “светците“ би го продале Нејмар и за многу, многу помала сума од онаа која за него е дадена во таа 2017 година.
Сепак ништо од тоа, имено Нејмар и официјално им соопштил на челниците на клубот дека нема намера да си оди и дека тој во Париз ќе биде се до крајот на неговиот договор, значи до јуни 2025 година.
Тоа значи дека ПСЖ ќе мора да го “трпи“ Бразилецот уште три години во своите редови.