И дефинитивно Гостивар не се шегува, Гостивар во овој летен преоден рок продолжува да се засилува и со тоа да биде кандидат бр.1 во битката за првото место следната сезона во единствената ВМФЛ.
Од друга страна Вардар прави “самоубиство“. Имено вчера од Вардар во Гостивар замина Дарко Стојанов, додека денеска ново име во таборот на гостиварци е Филип Петковски. И тоа директно кај конкурентот. Па кој ли ја прави стратегијата во нашиот најтрофеен клуб кој сега тавори во ВМФЛ?
Гостиварци го ангажираа иксусниот напаѓач кој лани беше еден од најдобрите фудбалери на Вардар, стрелец на 14 голови во сезоната.
Тој денеска е промовиран од страна на Гостивар како нов член на овој тим. Од страна на Гостивар се нагласува дека ангажиран е квалитетен и искусен напаѓач кој досега во својата кариера има играно за Работнички, Скопје, Шкупи, Ренова, А. Пандев, Вардар…
Не се крие дека од него се очекуваат голови во дресот на Гостивар.