Утре во Краљево, Србија во склоп на Балканското првенство ќе се одржи Собрание на ВАКО Балкан федерацијата, на кое се очекува Дејан Митровски-Урко едногласно да биде избран за претседател на силната балканска федерација.
Се очекува Митровски едногласно да биде избран за претседател на федерацијата, добивајќи ги недвосмислено гласовите на балканските членки на ВАКО-федерацијата.
Нашата земја предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко ќе настапи со 73 одбрани натпреварувачи.