Душан Јоковиќ е новиот стопер на Академија Пандев

939

Екс младинскиот репрезентативец на Србија до 21. година, и досегашен играч на тимот на Пролетер Нови Сад, Душан Јоковиќ е нов стопер на тимот на Академија Пандев.

Србинот ќе му се приклучи на тимот во следните ден два, пред екипата да замине на подготовки во Банско.

Ако на ова се додаде дека Коста Манев не прави трансфер во тимот на Вараждин туку се враќа во Струмица, тогаш станува јасно дека дефанзивната линија на Академија Пандев е пополнета.

Од Струмица уште дополнуваат дека на интернационалецот од Франција, Мака, кој беше неколку дена на проба во Академија Пандев нема да му биде понуден договор.

Конечно, екипата на Академија Пандев е денеска во Скопје каде што од 17:30 часот на стадионот Борис Трајковски ќе одигра пријателска средба со тимот на Балкани од Косово.

 

ПретходноПопзлатанов официјално се врати во Вардар
СледноРајковиќ: Голема чест и одговорност е да се биде тренер на ЦСКА Москва