ЕХФ со потврда: Келн и „Ланксес Арената“ домаќини на Ф4 најмалку до 2026!

182

Она што е добро нема потреба да се менува, тоа го знаат и челниците на ЕХФ. Арената и градот кои ни донесоа големи радости во 2017 и 2019 година, кога Вардар беше шампион и натаму, најмалку до 2026 година ќе бидат домаќини на „фајнал – форот“ во ракометната Лига на Шампиони.

Ова доцна попладнето и официјално беше објавено од страна на ЕХФ, а во соопштението стои дека договорот со Келн, кој истекува во 2024 година, е продолжен на уште две години, па така велелепната “Ланксес Арена“ во Келн ќе бидат домаќин уште четири години на завршниците во ЛШ.

Да потсетиме дека утре, со мечевите Веспрем- Келце (15:15 ч) и Кил – Барселона (18:00), стартува официјалниот дел од годинешниот Ф4 во Келн.

ПретходноПромоција на Давор Талески: “Среќен сум што сум дел од Шкендија!“
СледноИнтер договори албански интернационалец