Младинците се преселија во Маврово!

145

Зад машката младинска селекција, играчи тодени 2002 година и помлади, е првата фаза од подготовките. Беше реализирана во Скопје, каде беа извршени и оние неопходни медицински тестирања, по што избраниот тим на селекторот Никола Василев, го покачува нивото на подготвеност на едно ниво плус.

Младите кошаркари од вчера се во Маврово каде ќе го одработат оној т.н. „висински дел“ од подготовките за она што им следува од 15. до 24. јули, настапот на Европското првенство од Дивиијата „Б“ во Тбилиси.

Согласно со планираните активности, на истекот од овој дел од подготовките, предвидено е и одигрување на првито контролне натпревар. Спартинг партнер на тимот кој го предводи Василев, ќе биде селекцијата „Под 18“ години, која исто така, едне дел од подготвителниот период ќе го помине на нашата планинска убавица.

ПретходноРајковиќ: Голема чест и одговорност е да се биде тренер на ЦСКА Москва
СледноНБА ѕвездата Џеди Осман ќе прави свадба во Охрид