Може многу лесно да се случи, барем според најавите во медиумите и познатите новинари во Турција, нашиот репрезентативец Дарко Велковски својата кариера да ја продолжи во Анкарагучу, тим кој што сега влезе во елитната лига на Турција.
Преговорите биле во тек, Македонецот добил понуда од овој клуб, па сега е на него да одлучи дали ќе ја прифати или. Познато е дека во изминатите месеци неговото име се врзуваше со можни трансфери во клубови од Германија, потоа Грција, но се чини дека ова е нешто најконкретно.
Велковски во изминатите четири години беше член на Ријека, претходно на Вардар и Работнички.