Рајковиќ: Голема чест и одговорност е да се биде тренер на ЦСКА Москва

236

Емил Рајковиќ е нов тренер на тимот на ЦСКА Москва и ова е најсериозниот ангажман на еден македонски кошаркарски стратег во историјата.

Рајковиќ со рускиот кошаркарски гигант потпишува договор таканаречен 1 плус 1, што значи дека доколку клубот биде задоволен од неговата работа и резултатите тогаш едногодишниот договор ќе биде продолжен за уште година дена.

Голема чест, но во исто време и голема одговорност е да се биде тренер на еден толку славен клуб со голема историја како ЦСКА, особено во пресрет на 100-годишнината. Многу сум горд на поканата и ја ценам довербата на управата на ЦСКА и на сопствениците на клубот, компанијата „Норникел”. Заедно ќе работиме со голема посветеност, да обезбедиме тимот да игра модерна и спектакуларна кошарка која ќе биде интересна за нашите навивачи. Ќе се фокусираме на победа на секој натпревар и ќе ги развиеме нашите играчи за да го достигнат својот целосен потенцијал“, изјави Рајковиќ.

ПретходноДушан Јоковиќ е новиот стопер на Академија Пандев
СледноМладинците се преселија во Маврово!