Третото летно засилување на Тотенхем е од Мали

203

Премиерлигашот Тотенхем го потврди трансферот на играчот од средниот ред Ив Бисума кој доаѓа од редовите на Брајтон. 25-годишниот репрезентативец на Мали потпиша со Тотенхем договор до летото 2026 година.
Неофицијално трансферот е вреден меѓу 26 и 29 милиони евра.
Бисума е роден во Исиа, Брегот на Слонова Коска но на 13 години се преселил во Мали каде што почнал да тренира фудбал. Прво играл за локалниот Реал од Бамако, а во 2016 година се сели во француски Лил, а две сезони подоцна и во Брајтон. Исто така е репрезентативец на Мали.
Инаку Бусума е третото засилување на лондонскиот клуб ова лето после Иван Перишиќ и Фрејзер Форстер кои дојдоа од Интер односно Саутемптон како слободни играчи.

ПретходноАлександар Ѓорѓиевски ги засили „лавовите“
СледноПријателска: “Пандевци“ катастрофално поразени од шампионот на Косово (1:6)!