Од вечерва експедицијата на Шкупи е во Болу (Турција) каде фудбалерите и стручниот штаб на чело со Гоце Седлоски ќе ја одработат главната фаза од тековните подготовки во пресрет на двомечот со Линколн од Гибралтар од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.
Чаирчани веќе се “чекираа“ во Болу, а покрај вообичаените тренинзи планот е да се одиграат и три пријателски средби. Првата е закажана за 19 јуни и ривал ќе биде тимот на Тирана од Албанија, потоа следува пресметката со турскиот гигант Фенербахче на 22 јуни, и последен спаринг – партнер ќе биде составот на Херманштад од Романија кој е планиран да се одигра на 25 јуни.