„АС“: Перез има план – Во 2024 за 150 милиони евра ќе го откупи договорот на Халанд!

274

Ерлинг Халанд неодамна потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити и направи официјална презентација во новиот клуб, но шпанските медиуми веќе го селат во нова средина.

Шпанскиот авторитетен весник „АС“ пишува дека по две години Халанд ќе биде новата ѕвезда на Реал Мадрид.

„Халанд е предодреден да стане ѕвезда на Реал“, е заклучокот на АС, кој го открива планот на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, според кој „кралскиот клуб“ ќе ја активира клаузулата во неговиот договор со Сити за две години и ќе го пресели на „Бернабеу“.

Според весникот, Реал ќе плати околу 150 милиони евра и ќе може да ја активира клаузулата од неговиот договор летото во 2024 година.

Норвежанецот треба да биде замената за Карим Бензема, кој сезонава ја одигра својата најдобра сезона во кариерата и тоа на 34-годишна возраст.

ПретходноБекам го сака фудбалерот кој на Германија и донесе светско злато!
СледноШтипјани во четврток ги „палат моторите“