Повратникот во ПМФЛ, тимот на Силекс продолжува со ангажирање на нови играчи за претстојната сезона во нашата елитна лига. Па така од денеска нов фудбалер на кратовци е Филип Обадовиќ, довчерашен фудбалер на Лозница кој минатата сезона 8 голови во Првата лига на Србија.
Стнува збор за фудбалер роден 1997 година, но интересно е тоа што е висок дури 198 см. Па така со својата робусност и висина и тоа како ќе им задава проблеми на одбраните на клубовите во ПМФЛ следната сезона.
Инаку кратовци тука не запираат, како што дознаваме спортскиот директор на Силекс, Стевица Ристиќ моментално е во Србија каде води завршни преговори со уште еден напаѓач од оваа земја.