Шпанскиот дефанзивец, Жерард Пике во последните неколку дена се најде во центарот на вниманието поради неверство. Според тамошните медиуми, тој и познатата музичка ѕвезда, Шакира се разведуваат и тоа поради старлета од Скопје.

Овие приказни не им одат во прилог на каталонскиот гигант пред почетокот на подготовките за новата сезона, но од клубот испратија силна поддршка кон својот фубалер кој минува низ тешки денови.
Жоан Лапорта одлучи да се огласи и да јавно да му даде поддршка на својот играч.
„Пике е во голема болка. Ние имаме слика дека тоа се само играчи кои се познати, имаат пари и се што ќе посакаат, но и тие се исти како останатите луѓе. Пике е одлична личност, еден од капитените кои даде многу за овој тим.
Минува низ тежок период. Тој ја заслужува сета поддршка од навивачите на Барселона. Сите сакаме да му помогнеме и да му дадеме силна поддршка“, рече Лапорта.
На Пике најтешко му паѓа фактот дека Шакира сака да се врати во Америка, поточно во Мајами заедно со своите деца. Пике на секој начин се обидува да ја предомисли, не сака да биде далеку од своите деца.