Екипата на Академија Пандев од денеска официјално има нов стопер. Како што Спортмедиа веќе најави, во следната сезона боите на овој клуб ќе ги брани интернационаецот од Србија, Душан Јоковиќ, кој последно настапувал за тимот на Пролетер од Нови Сад.
Тој е поранешен младински репрезентативец на Србија, и ќе заигра во тандем со Коста Манев, кој и покрај најавите дека заминува во Хрватска, сепак, и натаму ќе биде дел од Академија Пандев.