Македонскиот младински репрезентативец и член на тимот на Македонија ЃП, Арби Воша ќе мора да паузира околу три недели. Причината за тоа е рутинскиот оперативен зафат на препоните кој му беше извршен и кој мораше да следува по напорната сезона.
Најверојатно тој нема да биде подготвен да помогне за настапот во Европа, но да се надеваме дека Македонија ЃП ќе го мине прелиминарното коло, па Воша ќе има можност летово да настапи на интернационална сцена.