Аталанта ја активира клаузулата и го купи турскиот централен бек

96

Аталанта ја активира клаузулата во договорот со централниот бек Мерих Демирал и го купи за 20 милиони евра. Турскиот репрезентативец минатата сезона играше како позајмен во клубот од Бергамо, а сега и ќе остане со постојан договор.
Првично Аталанта требаше да плати 23 милиони евра, но не се согласи на тоа, па Јувентус им даде попуст поради што „сино-црните“ се премислија и решија да го задржат играчот.
Демирал ја почнал кариерата во младинските екипи на Фенербахче, но никогаш не заиграл во првиот тим на оваа екипа. Во профи фудбалот дебитираше за португалскиот второлигаш Алканенсе, потоа играл за Б тимот на Спортинг. Во сезоната 2018/19 играше за Аланија, а од таму отиде во Сасуоло, па Јувентус и сега во Аталанта.
За Турција има 35 настапи.

ПретходноГачевски успешно опериран…
СледноИвановски со рекорд на Македонија и со сребро на БП во Крајова! (ФОТО)