Барселона е вториот финалист на Ф4 во Келн во “Ланксес Арената“ попладнево во Лигата на Шампионите. Каталонците покажаа кој е кој во второто полуфинале го победи “домашниот“ германски тим Кил со 34:30 (19:18) и со тоа си закажаа финале со Келце, кој пак во првото полуфинале во Келн денеска успеа да слави над Веспрем.
Голема битка меѓу Барса и Кил, посебно во првиот дел кој го добија ракометарите на актуелниот европски првак кој ја брани титулата, а утре ќе ја „брка“ својата единаесетта во историјата, што и натаму е рекорд во европскиот клупски ракомет. Ова ќе биде вкупно шеснаесетто финале за Барса во Лигата на Шампионите.
Во првата фаза од мечот Кил успеваше да се снајде, без Сагосен сепак успеваше да го одржува резултатот и да се надева дека ќе може да дојде до триумф.
Така беше и на стартот на вториот дел, но Барса тргна силовито од 40.минута кога дојде на +4 голови, пет минути подоцна имаше и +5, па и +6 и тука се чини дека се „скрши“ резултатот, се „скрши“ овој меч и победникот беше решен. До крајот на мечот Кил колку и да се надеваше и се обидуваше да дојде до резултат со кој ќе се надева на нешто што се вели.
Сепак квалитетот на Барса и во тие моменти покажа дека е екстра квалитетен состав кој не дозволи Кил да се размавне па на крајот успеа да победи со резултат 34:30
Брилјантен беше Абељо со 12 голови кај победничкиот тим, додека кај Кил најефикасен беше Винчек со седум погодоци.
Финалето меѓу Барселона и Келце се игра утре во 18 часот.