Пред осум години на Светското првенство во Бразил, Марио Геце стана јунак на Германија, во финалето постигна гол 113. минута против Аргентина за златен медал. Денеска 30-годишниот фудбалер не е еднакво популарен како тогаш, игра во ПСВ, а наскоро најверојатно ќе ја промени својата адреса.
Веќе се пишуваше дека го сака Бенфика, тука не би требало да има проблем, португалскиот тим со активирање на клаузулата на Геце може да направи трансфер, Износот кој треба да го плати е четири милиони евра.
Но, Бенфика има конкуренција на патот да го донесе овој играч. Актуелниот осцојувач на Европската лига исто така е заинтересиран за овој фудбалер, кој неофицијално добил и понуда од МЛС-лигата, поточно од Интер Мајами, кој е во сопственост на Дејвид Бекам.
Пред ПСВ, германскиот фудбалер играше за Борусија Дортмунд, а беше дел од Баерн Минхен.