Тимот на Шкендија на подоготовките во Словенија денеска го одработи вториот пријателски дуел. Обезбеден е триумф против шампионот на оваа земја, тимот на Марибор, со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Сабит Биљали во 86. минута од мечот.
На првиот дуел во Словенија тимот на Шкендија одигра 1:1 против унгарскиот тим на Ференцварош.