Макс Верстапен, светскиот првак, на тешката патека во Монтреал за ГН на Канада, беше најбрз и ја освои пол – позицијата во главните квалификации. Тоа значи дека Холанѓанецот утре ќе стартува како прв на трката.
На втората позиција се најде Фернандо Алонсо, а трет заврши Карлос Саинц, додека Луис Хамилтон беше четврти.
Како што се знаеше и претходно, Шарл Леклер утре ќе стартува од последната позиција.