Веспрем без Манасков во Келн!

265

Дејан Манасков нема да биде дел од фајнл-фор завршницата во Келн, барем за полуфиналната пресметка против Кјелце. Македонскиот репрезентативец не се најде на списокот на Момир Илиќ за дуелот со полскиот состав.

Ова е очекувано, ако се земе во предвид дека тој вчера беше на свадбата на неговиот брат Мартин Манасков. Останува да видиме дали денеска ќе биде на трибините во „Ланксес Арената“ како поддршка или пак ќе допатува во текот на утрешниот ден.

Манасков ја завршува својата авантура со унгарскиот тим, не ја продолжи соработката, засега не е познато каде ќе биде неговата следна дестинација.

ПретходноАбердин загреан за репрезентативецот: Импресионирани сме од Миовски
СледноСо Гостивар нема шега: Промовиран и Ѓорѓи Танушев! (ФОТО)