Денеска и официјално почнува битката за тронот во Лигата на шампиони. Келн дише во ритамот на европскиот ракометен крем, „Ланксес Арена“ е подготвена за нов спектакл. Веспрем – Кјелце (15:15 часот) и Барселона – Кил (18 часот) се двете полуфинални двојки, кои сигурно ќе пружат битки за паметење.
И на овој фајнл-фор во центарот на вниманието е Кирил Лазаров. Иако македонската гол-машина нема да учествува сепак тој е лидер во категоријата најдобри стрелци. Лазаров има 68 гола, заедно со Микел Хансен ја предводат оваа листа.
Со оглед на тоа дека и Хансен нема да биде дел од спекталот во Келн, Лазаров ќе остане на врвот до следниот Ф4 во Лигата на шампиони.
ТОП 10 ЛИСТА НА НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ
1. Кирил Лазаров Македонија 68 гола (14 натпревари)
1. Микел Хансен Данска 68 (14)
3. Арон Палмарсон Исланд 59 (19)
4. Момир Илиќ Србија 58 (16)
5. Филип Јиха Чешка 56 (12)
6. Ласло Наѓ Унгарија 53 (14)
7. Иван Чупиќ Хрватска 49 (14)
8. Сергеј Рутенка Белорусија 47 (10)
9. Виктор Томас Шпанија 47 (14)
10. Хуанин Гарсија 44 (8)