Голманот на Вардар, Филип Гачевски успешно е опериран и тоа од кила, па така за него следува пауза од 3/4 недели по што ќе ги започне подготовките со својата екипа за наредната сезона во единствената втора лига.
Секако дека Гачевски е еден од адутите на нашиот најтрофеен клуб во следната 2022/23 сезона во која Вардар ќе мора по секоја цена да се врати во елитата, во спротивно ќе следува нова катастрофа.
Популарниот Гача добро се чуствува по оперативниот зафат на радост на неговите фанови.