„Двометрашот“ Филип Обадовиќ ново име во нападот на Силекс!

901

Повратникот во ПМФЛ, тимот на Силекс продолжува со ангажирање на нови играчи за претстојната сезона во нашата елитна лига. Па така од денеска нов фудбалер на кратовци е Филип Обадовиќ, довчерашен фудбалер на Лозница кој минатата сезона 8 голови во Првата лига на Србија.

Стнува збор за фудбалер роден 1997 година, но интересно е тоа што е висок дури 198 см. Па така со својата робусност и висина и тоа како ќе им задава проблеми на одбраните на клубовите во ПМФЛ следната сезона.

Инаку кратовци тука не запираат, како што дознаваме спортскиот директор на Силекс, Стевица Ристиќ моментално е во Србија каде води завршни преговори со уште еден напаѓач од оваа земја.

ПретходноБарса покажа кој е кој…триумф над Кил за ново финале!
СледноГачевски успешно опериран…