Енцо Мареска во Манчестер Сити

273

Италијанскиот стратег Енцо Мареска беше тренер на Парма во Серија Б во изминатата сезона, меѓутоа ќе ги напушти „млекарите“ и ќе оди во Манчестер Сити. 42-годишниот поранешен фудбалер беше асистент на У23 тимот на Манчестер Сити, меѓутоа летото 2021 година беше именуван за тренер на Парма. Сепак, тој остана само 14 натпревари и во ноември истата година доби отказ.

Но Мареска сега се враќа во Манчестер Сити како асистент на менаџерот Пеп Гвардиола како замена за Хуанма Лило. Причината што Лило си замина е понудата да биде тренер на Ал Сад и да почне самостојна тренерска кариера.

Мареска му беше асистент на Фулвио Флорин во Асколи, потоа на Монтела и Капарос во Севиља, а потоа 64 меча му беше поддршка на Мануел Пелегрини во Вест Хем.
Инаку Мареска помина низ многу клубови во текот на играчката кариера, ВБА, Јувентус, Болоња, Фиорентина, Севиља, Олимпијакос, Малага, Сампдорија, Палермо и во 2017 година се пензионира.

ПретходноЃорѓиев: Не сме фаворити, но ни аутсајдери. Мора да играме паметно и зрело…
СледноЗапочнува лудилото во Келн: Барселона по историја, Веспрем по првенец!