Кирил Лазаров специјален гостин на фајнл-фор завршницата во Келн

969

Кирил Лазаров, име за кое долго време ќе се зборува во светот на ракометот. Најдобриот македонски ракометар на сите времиња на крајот на оваа сезона стави крај на својата богата кариера.

Нант му приреди величенствен спектакл, како што доликува на еден „крал“, едно име како што е Лазаров. И тука не застануваат признанијата од страна на сите важни фактори во овој спорт.

Кире е гостин на фајнл-фор завршнцата во Келн. ЕХФ испратија специјална покана до Лазаров, кој веќе е во срцето на ракометните збиднувања. Тој влезе во историјата на ова натпреварување веќе одамна, останува број еден стрелец на Ф4 турнирите со 68 гола, исто колку Микел Хансен. На оваа позиција ќе остане уште една сезона, бидејќи на годинешниот фајнл-фор нема „закана“ од ниту еден друг ракометар.

Полуфиналните средби во „Ланксес Арената“ се закажани за денеска, првата средба се игра во 15:15 часот меѓу Веспрем и Кјелце, додека втората стартува во 18 часот меѓу Барселона и Кил.

ПретходноМитревски е роден победник: Сакам со Порто да испишеме историја во Лигата на шампиони!
СледноБекам го сака фудбалерот кој на Германија и донесе светско злато!