По летниот одмор, гигантите на европскиот фудбал ги почнуваат подготовките за новата сезона, но исто така мора да ги одработат турнеите според спонзорските договори со тоа што ќе одиграат пријателски натпревари или со локални клубови или за публика ќе ги одмерат силите со големите ривали од домашниот шампионат.
Дел од клубовите од Премиер лигата, Ла Лига, Бундес лига, Серија А и Лига 1 заминуваат на турнеја во Азија, дел во Америка дел во други држави каде што инфраструктурата е на високо ниво.
Па така на 12 јули во Бангкок ќе се соочат англиските ривали Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Лутите шпански ривали Барселона и Реал Мадрид ќе играат на 23 јули во Лас Вегас…
Ова се дел од пријателските натпревари кои ќе се случат во текот на летото.
12 јули: Ливерпул – Манчестер Јунајтед (Бангкок)
15 јули: Ливерпул – Кристал Палас (Сингапур)
15 јули: Манчестер Јунајтед – Мелбурн Виктори (Мелбурн)
16 јули: Челзи – Клуб Америка, Мексико (Лас Вегас)
19 јули: Барселона – Интер Мајами (Форт Лодердејл)
20 јули: Манчестер Сити – Клуб Америка, Мексико (Хјустон)
20 јули: ПСЖ – Кавасаки Фронтал (Токио)
23 јули: ПСЖ – Урава Ред Дајмондс (Саитама)
23 јули: Манчестер Сити – Баерн Минхен (Грин Беј)
23 јули: Арсенал – Челзи (Орландо)
23 јули: Тотенхем – Ренџерс (Глазгов)
23 јули: Реал Мадрид – Барселона (Лас Вегас)
25 јули: ПСЖ – Гамба Осака (Осака)
26 јули: Реал Мадрид – Клуб Америка, Мексико (Сан Франциско)
26 јули: Барселона – Јувентус (Далас)
30 јули: Тотенхем – Рома (Хаифа, Израел)
30 јули: Реал Мадрид – Јувентус (Лос Анџелес)
30 јули: Арсенал – Севиља (Лондон)
30 јули: Манчестер Јунајтед – Атлетико Мадрид (Осло)
31 јули: Манчестер Јунајтед – Рајо Ваљекано (Манчестер)
6 август: Барселона – Рома (Барселона)