Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и Порто ја продолжија соработката. Португалскиот тим во Митревски гледа сигурност на мрежата, тој оваа сезона беше причината за многуте радосни денови.
Репрезентативецот во Порто дојде во 2020 година од тимот на Е.Пелистер. Новата соработка со раководството на клубот ја договорија до 2024 година. Порто и следната сезона ќе биде дел Лигата на шампиони, на едно коло пред крајот на регуларниот дел ја потврди титулата во домашниот шампионат.