Што навистина се случува со Ренова? Со клубот кој до пред некој ден важеше за еден од нашите најстабилни клубови, поранешен шампион и поранешен освојувач на Купот на Македонија, клуб кој во неколку наврати играше и во фудбалска Европа.
Како што велат нашите информации, раководството на Ренова ги распуштило сите играчи и нема да игра во ПМФЛ, а тоа значи дека ќе се врати во најнизок ранг.
Дека нешто не е во ред, дека работите се критични најголем доказ беше тоа што Ренова сите играчи кои беа со слободни документи ги пушти без сила да продолжи барем со некој од нив. Тоа беше сигнал, но работите се усложнуваат од ден на ден. Како што дознаваме Ренова, односно раководството на клубот, или сопствениците браќата Идризи немаат намера да го продадат клубот, туку тој ќе се натпреварува во понизок ранг, или пак во иднина ќе функционира како академија. Тоа останува да се види.
Се очекува на почетокот на следната недела раководството на Ренова да излезе со официјално соопштение околу тоа што и како со клубот.
Интересно е тоа што во с. Џепчиште, каде што е и седиштето на клубот, наголемо се гради спортски комплекс со сите придружни елементи.
По сето ова сега на потег ќе биде ФФМ, кој клуб ќе биде тој што ќе го пополни испразнетото место на Ренова.