Со Гостивар нема шега: Промовиран и Ѓорѓи Танушев! (ФОТО)

1474

Навистина со Гостивар нема шега, или допрва ќе нема шега,посебно ако сезнае  кој од играчите во текот на изминатите две недели потпиша за клубот кој во следната сезона ќе биде кандидат бр.1 во битката за првото место во ВМФЛ и пласман во елитата.

Од денеска нов член на гостиварци е Ѓорѓи Танушев,искусниот офанзивец кој минатата сезона играше за Силекс, тим кој оваа сезона ќе игра во ПМФЛ. Танушев за кратовци во сезоната 2021/22 постигна 12 голови.

Досега Танушев во својата кариера играше за Беласица, Хоризонт Турнови, Брегалница, Победа, Пелистер, А. Пандев, Силекс а бил член и на неколку клубови во Србија.

May be an image of 2 people and text

ПретходноВеспрем без Манасков во Келн!
СледноЛапорта се огласи за Пике и Шакира, испрати силна порака!