Штипјани во четврток ги „палат моторите“

173

Фудбалерите на Брегалница летните подготовки за стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ги почнуваат во четврток (23 јуни). Претходно, на 21 и 22 јуни ќе бидат реализирани задолжителните лекарски прегледи, по што од 23 јуни ќе се почне со првиот тренинг под палката на шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски.

Согласно планот и програмата за работа на стручниот штаб, низ првите неколку денови подготовки ќе се работи во Штип, а потоа до почетокот на новата сезона во елитното друштво Брегалница во два наврати ќе реализира и по десетдневни подготовки во Пехчево.

За време на летните подготовки, планирано е и одигрување на пет пријателски натпревари. Веќе се утврдени датумите за пријателските дуели кои ќе се играат на 3 јули, 10 јули, 17 јули, 24 јули и генералката пред стартот на Првата македонска фудбалска лига на 31 јули. Имињата на противниците за пријателските натпревари дополнително ќе бидат соопштени.

Претходно„АС“: Перез има план – Во 2024 за 150 милиони евра ќе го откупи договорот на Халанд!
СледноЛетна турнеја: Јунајтед-Ливерпул во Бангкок, Реал-Барса во Лас Вегас