Бањаја со трета пол-позиција сезона, ќе стартува прв и во Германија

69

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Германија, која е на програмата утре. Тоа е 10-тата трка сезонава во Мото ГП шампионатот, а Италијанецот на денешните квалификации стигна до третата пол-позиција оваа сезона.

Тој имаше најбрз круг во квалификациите пред бранителот на титулата Фабио Квартараро, а трет остана Жоан Зарко на Прамак Дукати.

Утре на „Захсенринг“ новата Мото ГП пресметка стартува од 14 часот.

ПретходноСадио Мане во вторник доаѓа на прегледи и потпис со Баерн (М)
СледноВелемајсторски: Двојниот цепелин на Келце со гол на Карачиќ (ВИДЕО)