За Леклер казна од 10 места на стартот од трката во Канада

284

Возачот на Ферари Шарл Леклер ќе мора трката за Големата награда на Канада да ја почне со 10 места подоле од позицијата која ќе ја освои во квалификациите поради промената на елементите на електрониката на погонската единица.
Тоа беше причината поради која Леклер мораше да се откаже од минатата трка во Азеберјџан, а Ферари од почетокот на сезоната има проблеми со болидот и носат одлука за менување на овие елементи.
Бидејќи трет пат оваа сезона го менуваат истиот дел, а дозволено е само два пати, Леклер ќе одработи казна која изнесува десет позиции на стартот на наредната трка.
ГН на Канада ќе се вози во недела од 20 часот. Во генералниот пласман Верстапен е прв со 150 бодови, Перез има 21 помалку, а Леклер 34 помалку од лидерот.

ПретходноЛегендата на европската кошарка ја заврши кариерата
СледноНексе победник на турнирот „Марко Божиновски“, Голден Арт најдобро пласирана македонска екипа