Добра вест за шефот на струката на Македонија ЃП, Муарем Бајрами. Имено дефанзивецот Есмин Личина и голманот Стефан Тасев и натаму остануваат во Ѓорче. Како што официјално објавија од страна на “лавовите“ и двајцата во следната сезона ќе бидат дел од тимот на Македонија ЃП кој и во новата сезона во ПМФЛ ќе сака да игра видна улога, но претходно ќе има настапи и во квалификациите во Лигата на Конференции и тоа во втората рунда против ЦСКА Софија.