Кадетската екипа на Нексе Нашице од Хрватска ја освои шампионската титула на првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој се играше во чест на прерано починатиот млад ракометар, откако во финалето беше подобра од српскиот претставник, Војводина, со четири гола разлика, 37:33 (20:14).
Третото место им припадна на ракометарите на Голден Арт, кои по изведувањето на пенали го совладаа Тинекс Пролет, со резултат 32:30.
Во дуелот за 5 место, ракометарите на Вардар ја совладаа екипата на Алкалоид со седум гола разлика, 28:35. Еурофарм Пелистер ја оствари првата победа на турнирот совладувајќи го Бутел со три гола разлика, 36:33, со што го освои 7 место, додека кадетскиот тим на Бутел, кој воедно е и кадетски шампион на Македонија, го освои 8. место.
За МВП беше прогласен ракометарот од редовите на Нексе, Јосип Колариќ, наградата за најдобар стрелец заврши во рацете на Симо Шиан од Војводина , додека најдобар голман на турнирот беше членот на Нексе, Бодин Хркаќ. За најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, беше прогласен Филип Бошковски од Бутел.