Нкетиа потпиша нов договор со Арсенал и го доби иконскиот дрес со бр. 14

125

Младата ѕвезда на Арсенал, Еди Нкетиа потпиша нов долгорочен договор со „топчиите“.

22-годишниот напаѓач, првично се очекуваше да го напушти Северен Лондон ова лето, но клубот неодамна му понуди нов договор. Во изјавата за официјалната веб-страница на Арсенал, менаџерот Микел Артета рече: „Задоволен сум што Еди останува со нас. Тој го претставува она зшто се главни вредности на клубот. Многу сме среќни што тој го продолжи договорот и сега треба да се фатиме за работа и да продолжиме да го развиваме големиот талент и личност што ги имаме во него“.

Освен новиот договор, на Нкетиа му е доделен и иконскиот дрес со бр.14, кој претходно го носеа Тиери Анри и Пјер-Емерик Обамејанг.

ПретходноВелемајсторски: Двојниот цепелин на Келце со гол на Карачиќ (ВИДЕО)
СледноНесторовски има понуда на маса: Лече чека одговор