Пачовски е нов тренер на голманите во Жерминал Бершот

185

Поранешниот македонски репрезентативен голман, а сега и дел од стручниот штаб на националниот тим Томе Пачовски е нов тренер на голманите во тимот на Жерминал Бершот. Тој досега беше дел од младинската школа на овој клуб, а сега што се вели се искачува ниво погоре.

Пачовски веќе извесен период живее во Белгија, и ова е секако екстра ангажман за него, покрај оној кој го има во репрезентација на Македонија. Пачовски што се вели се враќа дома, затоа што тој од 2009 до 2012 година го носеше дресот на овој клуб.

„Јас сум многу горд што можам да го направам овој чекор од академијата до првиот тим. Јас живеам во Артселар неколку години, а моите два сина исто така играат фудбал во Бершот. Тоа навистина е „мој клуб“. Да можеш да започнеш овде како тренер на голмани е остварување на сонот“ – изјави Пачовски. 

 

ПретходноАрби Воша успешно опериран, кам бек за три недели
СледноРенова ги распушти играчите и нема да игра во ПМФЛ!!!