ПСЖ го купи првото засилување, доаѓа од Порто

229

Францускиот шампион ПСЖ има нов играч во средниот ред. Станува збор за Португалецот Витиња, играч на Порто, чија клаузула за откуп, парискиот тим се одлучул да ја плати во целост.

Во операцијата изведена од Луис Кампос и Жорге Мендеш, постигнат е договор ПСЖ да го добие младиот фудбалер на „змејовите“ за 40 милиони евра. Според весникот „А Бола“, исплатата ќе се врши на три рати, а договорот ќе трае пет сезони.

Витиња е првото засилување во ерата на Кампос како директор на клубот, не сметајќи го купувањето на Нуно Мендеш, кој веќе играше минатата сезона во Париз на позајмица.

ПретходноНесторовски има понуда на маса: Лече чека одговор
СледноАкадемија Пандев се пофали со Душан Јоковиќ