Францускиот шампион Пари Сен Жермен продолжува да го засилува својот тим за наредната сезона, а ќе го донесе играчот на Порто Витињо за кого ќе плати 40 милиони евра.
Според информациите од клубот од Париз ги договорил условите со Порто и дека понудата е прифатена, а се би требало да биде завршено во следните два до три дена. Од друга страна за Порто ова е втора мега зделка затоа што исто така за 40 милиони евра го продаде Фабио Виера во Арсенал.
А ПСЖ претходно го откупи договорот на Нуно Мендеш од Спортинг за 38 милиони евра.
Витињо на почетокот на сезоната се врати од Вулверхемптон во Порто затоа што англискиот клуб не сакаше да плати 20 милиони евра за неговите услуги. А Витињо одигра 47 мечеви за Порто минатата сезона и постигна четири гола и придодаде пет асистенции.