Фудбалерите на Брегалница летните подготовки за стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ги почнуваат во четврток (23 јуни). Претходно, на 21 и 22 јуни ќе бидат реализирани задолжителните лекарски прегледи, по што од 23 јуни ќе се почне со првиот тренинг под палката на шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски.
Согласно планот и програмата за работа на стручниот штаб, низ првите неколку денови подготовки ќе се работи во Штип, а потоа до почетокот на новата сезона во елитното друштво Брегалница во два наврати ќе реализира и по десетдневни подготовки во Пехчево.
За време на летните подготовки, планирано е и одигрување на пет пријателски натпревари. Веќе се утврдени датумите за пријателските дуели кои ќе се играат на 3 јули, 10 јули, 17 јули, 24 јули и генералката пред стартот на Првата македонска фудбалска лига на 31 јули. Имињата на противниците за пријателските натпревари дополнително ќе бидат соопштени.