Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, и покрај сите најави дека ќе си замине од италијанскиот клуб за да направи голем трансфер во некој од европските гиганти, на крајот, изгледа ќе остане во Неапол. Според пишувањата на медиумите, Сенегалецот сега сам инсистира на нов договор со Наполи, па дури и под услов да ја намали платата.
Кулибали сака да стане капитен на тимот и да ја заврши кариерата во Неапол. Актуелниот договор на Кулибали истекува во јуни 2023. Интерес за играчот покажуваа Барселона и Севиља.