Ќато Османи на клупата на Шкендија!?

1703

По се она што се случуваше денеска со Ренова и околу Ренова, по најавите дека клубот нема да игра следната сезона во ПМФЛ, веднаш почнаа шпекулациите со можното враќање на Ќатип Османи, сегашниот тренер на Ренова, во таборот на Шкендија.

Имено познато е дека прв пик за тренер на тетовските „црвено – црните“ пред неколку недели беше токму Ќато, кој со Шкендија има освоени три шампионски титули. Имаше разговори и преговори меѓу него и Шкендија, поточно со спортскиот директор Артим Шаќири, но тие не вродија со плод и Ќато потпиша нов договор со “гипсарите“.

Сепак по најновите настани во Ренова, сега тој е слободен и Шкендија нема да има проблеми да го ангажира.

Познато е дека Шкендија, посебно Шаќири имаше разговори со повеќе имиња за нов тренер, но се нешто недостасуваше да се назначи нов стратег. Токму затоа нашата фудбалска легедна одлучи тој како тренер да го води тимот на подготовките и во настапите во Европа, а потоа да се побара ново име.

Па, ете, Ќато Османи би можел повторно во Шкендија на задоволство на фановите на овој клуб.

ПретходноСилекс го договори Виктор Серафимовски!
СледноКристијано јуниор сакаше да го имитира татко му…НО… (ВИДЕО)