Барселона за првпат во модерната ера на Ф4 турнири во Лигата на шампионите успеа да го одбрани европскиот ракометен трон. По долга и исцрпувачка битка, пеналите го дадоа името на новиот европски шампион. Барселона и Келце завршија 28:28 во регуларниот дел, па потоа 32:32 по 10-те дополнителни минути игра, за конечно, пеналите им донесат нов, 11-ти наслов на каталонските гиганти.
Целиот тек на натпреварот мина во жестока битка. И двата тима одиграа цврсто во одбрана, не дозволувајќи да примаат лесни погодоци. Првото полувреме мина за нијанса во полза на Каталонците, кои го имаа расположениот Гомез кој беше и најдобар стрелец кај бранителот на титулата. Барса замина на пауза со предност од 14:13.
На стартот на второто полувреме во првите неколку напади Барселона ја задржа минималната предоност, но Келце најде против игра. Конечно проработија во вистинска смисла браќата Дујшебаев кои до 42. минута веќе имаа по 3 гола зад своето име и успеаја да направат „брејк“, полскиот тим да дојде до предност од еден гол со која влезе и во завршните 10-тина минути од мечот. Извонредно второ полувреме на голот на Келце имаше голманот Волф кој во неколку ситуации одбрани чисти „зицери“ за Барса.
Грешките не ги одминаа и Полјаците. На точно 4 минути пред крајот при резултат 26:26, брзоплета грешка во организацијата на нападот, која резултираше со гол за Зеин и прво водство на Каталонците по подолго време (27:26). Проблем плус дојде со исклучувањето на Гебела на две и пол минути пред крајот и предност на Барселона од еден гол. Каталонците имаа и напад за плус 2, но Дика Мем не успеа да реализација. Келце го имаше последниот напад и во завршните 30 секунди Каралек со својот 4. погодок на 2 секунди пред крајот обезбеди продолженија (28:28).
Karalek sends the Final to extra-time!! 😱#ehffinal4 #ehfcl @kielcehandball pic.twitter.com/QZXsNULBmL
— EHF Champions League (@ehfcl) June 19, 2022
Барселона за гол беше подобра во првите 5 минути од продолженијата. Со 30:29 влезе во финалните минути за европската круна. Големата борба продолжи и во вторите дополнителни 5 минути. Во последниот свој напад Барселона преку Мем погоди за 32:32, а елце не успеа да ги искористи 30-тината секунди за гол за титула. Барселона се одбрани и избори седмерци.
Пенал-рулетот им припадна на бранителите на насловот. Само едно промашување, она на Алекс Дујшебаев во третата серија беше пресудно Барселона со 5:4 да слави по 11-ти пат во историја на најсилното клупско натпреварување.
Алеиш Гомез беше најефикасен со 9 гола кај европскиот првак, додека кај Келце дури 6 ракометари имаа по 4 погодоци.