Халфот на Брентфорд Кристијан Ериксен го одбил предлогот од страна на Манчестер Јунајтед да биде нивен играч наредната сезона. Договорот на Данецот со „пчеличките“ истекува и тој ќе биде слободен фудбалер. Од „Олд Трафорд“ сакале да потпишат со него за да ја затворат дупката на средината на теренот која се направи по заминувањето на Пол Погба, Немања Матиќ и Хуан Мата, меѓутоа очигледно Данецот има поинакви планови, пренесува „Атлетик“.
Причината е што играчот сакал да остане во Лондон каде што се чуствува добро, па поради тоа остануваат две опции за продолжување на кариерата. Едната е да потпише нов договор со Брентфорд и да остане во тој клуб, а другта опција е да се врати во Тотенхем.