Миа Блажевска урна македонски рекорд на СП

145

Најдобрата македонска пливачка, Миа Еминова-Блажевска урна рекорд на трката на 100 метри грбно на Светското првенство во пливање кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Миа настапи на втората квалификациска трка на оваа делница и го освои третото место. Блажевска постави време од 1:04.11 минути што е подобро 30 стотинки подобро од нејзиниот досегашен рекорд на 100 метри грбно. Блажевска заврши на 30 место во квалификациите во конкуренција на 43 учесници.

ПретходноБарселона против традицијата на Ф4, уникатна шанса за семејството Душебаеви!
Следно„Лист, камен, ножици“ го одлучи победникот на трката во Словенија (видео)