По вторпат во својата историја, Романија ја освои европската сребрена лига во одбојка. Во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта, Романците славеа со 3:2 (17:25, 25:21, 20:25, 25:23, 15:13) над репрезентацијата на Финска и успеаја да го повторат успехот од 2019 година.
Финците влегоа многу подобро во ова финале, имаа водство од 1:0 и 2:1 во сетови, но Романија двапати се враќаше за израмнување, и во клучниот „тај-брејк“ сет успеа да направи разлика која на крајот излезе недостижна за скандинавците.
Извонреден меч кај новите освојувачи на Сребрената лига имаа Асиобанитеи и Бала кои средбата ја завршија со по 14 реализирани поени. Кај селекцијата на Финска, Макинен со 21 поен беше најдобар реализатор.