До стартот на СП во Катар има уште многу време, точно пет месеци, но атмосферата полека се загрева, сите сакаат да прочитаат, да анализираат, да знаат кој ќе биде светски првак.
Па така суперкомпјутерот „Аналиста“ кој е направен специјално за потребите на Мундијалот имал повеќе од 1000 симулации и си го кажа своето видување за тоа кој ќе биде прв, односно кој ќе ја освои титулата во Катар.
Па така „Аналиста“ вели дека најголеми шанси, речиси 18 насто, има Франција. Дека “галските петли“ се најголеми фаворити за титулата, односно за одбрана на тронот. Познато е дека Франција на последното СП во Русија станаа шампиони.
Втор фаворит е селекцијата на Бразил, која има шанси, според „Аналиста“, со 15 насто, додека трета е Шпанија со 11 насто.