ФИФА направи план за борба против навредите на социјалните мрежи!

80

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска објави извештај во кој укажува на зголемување на бројот на навреди кои фудбалерите ги претрпеле на социјалните мрежи за време на меѓународни натпревари.

Пет месеци пред Светското првенство во Катар, ФИФА ги здружи силите со Меѓународната унија на играчи (Фифпро) да смисли план за заштита на тимовите, играчите, судиите и навивачите од навреди на социјалните мрежи, се вели во соопштението на ФИФА.

Извештајот е објавен по повод Меѓународниот ден против говорот на омраза. Истражувани се повеќе од 400.000 пораки објавени на социјалните мрежи за време на полуфиналето и финалето на Европското првенство 2021 година и Африканскиот куп на нации 2022 година.

„Повеќе од половина од играчите добија навреди кои главно доаѓаат од нивните сонародници. Хомофобични (40 проценти) и расистички (38 проценти) коментари претставуваат најголем број случаи“, се вели во соопштението.

ФИФА и Фифпро одлучија да лансираат услуги за модерација, кои ќе се користат за време на натпреварувањето. Овој алгоритам, кој важи и за машкиот и за женскиот фудбал, автоматски ќе го открие говорот на омраза присутен во нејзината база на податоци, а пораката ќе биде автоматски невидлива за примателот.

“Наша должност е да го заштитиме фудбалот, а со тоа и играчите. За жал, забележуваме тренд на зголемување на бројот на навредливи пораки. Оваа форма на дискриминација, како и сите други, нема место во фудбалот”, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфатино.

ФИФА и Фифпро, исто така, сакаат да понудат образовна поддршка и препораки за ментално здравје на сите играчи.

ПретходноЕриксен го „откачил“ Манчестер Јунајтед
СледноНавивачите на Кјелце го „запалија“ Келн (ВИДЕО)