Тимот на Академија Пандев У12 е победник на традиционалниот Драган Манце Куп кој во моментов се одржува во Белград. Нашиот тим во финалето беше подобар од тимот на Марибор по подоброто изведување на пеналите откако регуларниот дел заврши 2:2.
Младите струмички фудбалери беа далеку подобри во овој дуел, имаа водство од 2:0, но по падот на концентрацијата противникот израмни на 2:2
Сепак, во пенал рулетот Академија Пандев беше подобар изведувач и заслужено го подигна трофејот во својата старосна конкуренција.