Барселона и Кјелце денеска (18 часот) ќе ги вкрстат копјата во рамките на финалето во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант е бранител на титулата, ќе има нова шанса да ја урне традицијата во ова натпреварување, две години по ред да се искачи на тронот.
Ракометарите на Барселона на дело, против Кил покажаа зошто се големи фаворити и на оваа фајнл-фор завршница во Келн. Кога се кршеше резултатот, се издвоија од својот противник и дојдоа до триумф вреден финале. Барселона е најтрофејниот тим во Лигата на шампионите, има десет титули.
На другата страна Кјелце во Келн се врати после 2016 година. Полскиот тим одигра одличен меч против Веспрем во полуфиналето, ќе ја бара својата втора титулата во Лигата на шампиони.
Кјелце ќе има шанса да стане првиот тим кој трипати по ред славел против каталонскиот тим, последните две средби завршија токму во корист на избраниците на Талант Душебаев.
Доколку овој клуб ја освои титулата ќе се исполни желбата на Алекс Душебаев. Екс-вардарецот по ждрепката најави дека сонува да го подигне пехарот во ЛШ заедно со својот татко и брат Дани.
Претходно, Веспрем и Кил ќе го одиграат мечот за третото место.